Претставниците од Групацијата за производство на месо и преработки од месо која е дел од Стопанската комора на Македонија бараат да се вратат ваучерите „Купувај домашно“, со предупредување дека четвртиот и планираниот петти пакет антикризни мерки нема да го дадат посакуваниот ефект зашто не се правилно насочени.
Од Стопанската комора пак, велат дека се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет, додавајќи дека се што би се кажало сега, би создало конфузија и забуна.
Додека Стопанската комора преговара, се повеќе сопственици на бизниси од речиси сите области јавно бараат од Владата фнансиска поддршка за нивниот сектор како најзагрозен од кризата.
По угостителите кои викендов водеа преговори, денеска се јавија и сопствениците на фото студија и видео продукции, кои се здружија во Комора и тие бараат пари од државата за да опстанат.