Темно Режим Светло Режим

Време ли е да заврши накалемениот експеримент наречен техничка Влада?

И треба ли на Македонија техничка влада пред секои избори или тоа е веќе бреме кое не ги олеснува процесите како што беше замислено? Прашањето се наметна по иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски на лидерска средба да се расправа за нејзино укинување.

За да се даде одговор на прашањето најдобро е да се види како техничките влади функционираа низ годините од 2015 година кога беше накалемена во македонскиот политички систем. Поделби внатре во владата, кавги, застои, нефункционалност оти имаше и врзани потписи на функционери од две различни опции, застој во економијата… беа дел од придобивките на техничката влада.

Време ли е ваквиот правен експеримент да се поправи? Се помалку носи корист за државата, а се повеќе наметнува импровизации и дисфункционалност на системот.

Advertisement

Партиите мора добро да размислат дали Македонија треба да остане единствена држава во Европа со вакви накалемени системи. Теснопартиските интереси овде не треба да се гледаат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари

Следниот Пост

По голема борба: Ѓорческа поразена од Зиданшек во три сета