Темно Режим Светло Режим

Времето денеска променливо облачно, можни слаби врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови од земјата. Во овие региони ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека во источните делови ќе има слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од -6 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 9 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу -2 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Многу марихуана шета низ Македонија, МВР ги лови криумчарите, но треба да ги засили активностите

Следниот Пост

Поради излевање на река, воведена забрана за сообраќај на патот Удово - Валандово