Фудбалерите на Пелистер го забележаа првиот пораз на подготовките во Анталија, откако во денешниот пријателски натпревар загубија од Борац Бања Лука со 2:0.
По првото полувреме резултатот беше нерешен 0:0, но во вториот дел битолчани примија два гола, реализирани од Шишковски и Херера, што се покажа како доволно за победа на тимот од Босна и Херцеговина.
Ова беше втор контролен натпревар за избраниците на тренерот Милан Стојановски во Анталија. Во првиот дуел, Пелистер одигра 2:2 против Спартак Суботица, додека вчерашната проверка со сараевски Железничар беше откажана поради лошите временски услови.
Битолскиот прволигаш ќе одигра уште неколку пријателски натпревари во Турција, каде што ја одработува главната фаза од подготовките за продолжението на сезоната и стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.