Темно Режим Светло Режим

Вучиќ одбива средба со делегација од европскиот парламент оти никој не ја поканил во Србија

Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, иистакна дека нема да се сретне со делегацијата на Европскиот парламент што најави посета на Белград. Тој појасни дека делегацијата не била поканета, ниту, како што рече, официјално ја информирала српската страна за своето доаѓање.

„Седнале мрзачите на Србија и се договориле. На 20 и некој ќе одиме. Не можете да дојдете во нечиј дом без покана. Ние не ги поканивме и не бевме информирани за нивната посета”, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека обврските за тој период ги договорил уште пред пет месеци, вклучително и учество на состанок во Давос.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

И втората по бројност коалиција го врати мандатот, Бугарија оди кон нова политичка криза и избори

Следниот Пост

Градежен кран во Tајланд падна врз воз во движење, усмртени најмалку 22 лица, повредени 79