Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија останува на европскиот пат, а за посетата на делегацијата на Европскиот парламент која беше во посета на Белград рече дека е составена од „неважни луѓе, кои се неважни во своите земји, a важни само за нашата опозиција”. Тој ја обвини и српската опозиција дека работи против земјата.
Вучиќ побара формирање на помал оперативен тим кој ќе се занимава со европската интеграција и ќе го известува секојдневно за тоа што е направено на европскиот пат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: