Поради временските услови, воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – граничен премин Ќафасан, информира Автомото сојуз на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.