Украинскиот претседател Володомир Зеленски во својот говор во Давос им даде совет на лидерите во ЕУ како да се справат со наводно проруските сили во Европа.
„Гледаме дека силите што се обидуваат да ја уништат Европа не губат време. Секој „Виктор” што живее од европски пари и се обидува да ги продаде европските интереси заслужува шлаканица”, порача најдиректно Зеленски, алудирајќи на Виктор Орбан, премиерот на Унгарија.
Орбан не му остана должен и му одговори дека тој е слободен човек кој му служи на унгарскиот народ.
„Вие сте човек во очајна позиција кој, веќе четврта година, не е во можност или не е подготвен да стави крај на војната. Украинскиот народ, се разбира – и покрај вашите внимателно одбрани навреди – сè уште може да смета на нас,” одговори Орбан.
Зеленски би му дал шлаканица на Орбан, тој пак му одговори: Вие сте човек во очајна позиција кој не е подготвен да стави крај на војната
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: