На „црната листа“ на ковид – 19 денеска се запишани уште 20 лица, од кои 14 починале во текот на минатиот месец на клиниката „Жан Митрев“, додека шест во текот на вчерашниот ден.
Меѓу нив е и 35 годишен пациент од Кавадарци.
Останатите се на возраст од 59 до 83- годишна возраст, од Скопје, Струга, Виница, Струмица, Кавадарци, Крушево, Пробиштип и Радовиш. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Министерството за здравство денеска соопшти дека од направени 2.291 тестирања, регистрирани се 350 нови случаи, од кои половината се од Скопје.
Регистрирани се и 266 оздравени пациенти.
Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, а на починати е 2.893. Активни случаи се 7.831, од кои 3.972 се од Скопје.