Темно Режим Светло Режим

102 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

Во периодот од 23 часот вчера од 5 часот утрово, сообраќајната полиција спровела контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, во овој временски период биле казнети 102 пијани возачи, кои биле исклучени од сообраќај.

Од ресорното министерство порачуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Смешни или жални се македонските ТВ вести?

Следниот Пост

Делови од Скопје ќе останат без струја и без вода