Темен режим Режим на светлина

Починат маж пронајден во охридско

На 03.09.2021 во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Утре центарот на Скопје блокиран, ќе се прави генерална проба за настанот „30 години независност“

Следна објава
Поразителна статистика: Лани во сообраќајни незгоди загинаа 132 лица на патиштата низ Македонија

Еден загинат и седуммина повредени во сообраќајка кон Стража