Фонтаните во центарот на Скопје лоцирани на плоштадите Пресвета Богородица, ВМРО и Македонија како и пред влезот на старата скопска чаршија добија ноќно колоритно осветлување за што се пофали првиот човек на градот Орце Ѓорѓиевски со пораката „Ова, е само наше Скопје”.
Пред околу две недели Ѓорѓиевски исто така на социјалните платформи сподели видео и од фонтаната кај градски парк „Лотосов цвет” која е целосно обновена, уреден простор околу неа, но и поставена нова урбана опрема.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




