Темен режим Режим на светлина

Општината Гази Баба по одлука на Апелациониот суд треба да исплати над 2 милиони евра за поништени одобренија

Општина Гази Баба ќе го субвенционира чистењето на оџаци во домаќинствата Општина Гази Баба ќе го субвенционира чистењето на оџаци во домаќинствата

Гази Баба се соочува со сериозен финансиски удар од 127 милиони денари, откако Апелациониот суд донел правосилна пресуда со која Општината е задолжена да врати средства за поништени одобренија за градење кај локацијата на поранешниот Скопски саем.

Градоначалникот Бобан Стефковски за овој проблем прстот го впери кон претходното раководството пред 2021 година.

Како што објасни тој, повеќе правни лица кои имале важечки одобренија за градба и уредно платиле надомест за уредување на градежно земјиште, поднеле тужба против Општината, откако претходното раководство ги поништило нивните одобренија и издало нови за друго правно лице.

Тој призна дека станува збор за сериозен товар за општинскиот буџет, но порача дека граѓаните немаат причина за загриженост и најави дека за целиот случај ќе бидат информирани надлежните институции, со цел да се разгледа можноста за утврдување на одговорност согласно законите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

НП Шар Планина предупредува на висока лавинска опасност над 1.700 метри

Следна објава
Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Се решаваат спорните точки на булеварот „Цветан Димов" во Чаир