Темен режим Режим на светлина

„Сејф сити“ почнува да казнува, сумите не се мали и би требало да се само опомена да се вози прописно

Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи

Од утре официјално полицискиот систем „Сејф Сити” почнува да казнува. На почетокот ќе се регистрираат прекршоците: надминување на дозволена брзина, поминување на црвено, непрописно паркирање и управување со нерегистрирано возило.

Стравот од казните веќе го потсмири возењето низ Скопје. Парите од кои ќе треба да се опростат несовесните возачи не се мали. Најстого ќе се казнува поминувањето на црвено светло, со 250 евра, и одземање на возачката дозвола на период од 3 до 12 месеци.

Надминување на дозволената брзина, во зависност од пречекорувањето ќе се казнува различно па така глобите ќе се движат помеѓу 15 и 300 евра. Казните за непрописното запирање и паркирање се помеѓу 25 и 180 евра, а за управување со нерегистрирано возило меѓу 100 и 500 евра.

Од МВР потсетуваат дека казните може да се преполоват доколку се платат во рок од осум дена. Инаку, целта на воведување на системот не е да се казнуваат возачите, туку да предизвика поголема одговорност кај учесниците во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Протестот „Стоп за Цементара“ денеска ќе го блокира центарот на Скопје

Следна објава

Антикорупциска му пуштила прекршочни налози на Орце Ѓорѓиевски, затоа што не доставил анкетни листови