Темен режим Режим на светлина

Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

Во првиот месец од работењето на „Сејф сити“ поднесени 476 приговори за изречени казни Во првиот месец од работењето на „Сејф сити“ поднесени 476 приговори за изречени казни

Од денеска започнува казнувањето преку електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово, како и на автопатските коридори 8 и 10. Системот автоматски ќе ги евидентира најчестите прекршоци, а возачите ќе добиваат известувања за сторените прекршоци преку СМС пораки и електронска пошта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека „Безбеден град“ постепено ќе се прошири на целата територија на државата и дека тоа треба да се реализира до средината на годината. Во изминатите денови биле спроведени тестирања во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид, а граѓаните се повикуваат да ги ажурираат своите лични податоци на посебните шалтери во МВР или во станиците за технички преглед.

Воведувањето на системот предизвика поделени реакции во јавноста и на социјалните мрежи, но од МВР посочуваат дека примарната цел е подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

Со „Безбеден град“ ќе се санкционира пречекорувањето на брзината, како во населени места така и надвор од нив, при што казните се движат од 15 до 300 евра, а за потешките прекршоци се предвидува и забрана за управување возило во траење од три до 12 месеци. Строго ќе се казнува и поминувањето на црвено светло, со глоба од 250 евра и заштитна мерка забрана за управување.

Системот ќе евидентира и непрописно запирање и паркирање, со казни од 25 до 180 евра, во зависност од локацијата и тежината на прекршокот. За возење со нерегистрирано возило или без важечка сообраќајна дозвола е предвидена казна од 500 евра, додека доколку регистрацијата е истечена до 30 дена, казната изнесува 100 евра.

Од МВР потсетуваат дека плаќањето на казната во рок од осум дена носи намалување од 50 проценти, а забраната за управување, доколку е изречена, се применува во половина од пропишаниот рок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ќе се исполнат ли најновите ветувања кои властите ги дадоа на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион?

Преполовен е бројот на птиците во Охрид, и тие предупредуваат и бараат заштита на Езерото

Следна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Пијан возач со 2,32 промили предизвика сообраќајка во Скопје, повредени две лица