Темен режим Режим на светлина

Ако за булеварот „Цветан Димов” нема јасен проект, зелен хуман град нема да гласа за негова реконструкција

Независното движење „Зелен Хуман Град” ќе ја поддржи финансиската помош во Советот на Град СКопје за Општина Чаир за проширувањето на главниот булевар „Цветан Димов”, но само ако, како што велат од таму, постои изработен проект. По информациите дека околу 2,5 милиони евра ќе чини проширувањето на

улицата Цветан Димов во Чаир и дека трошокот ќе го покрие од својот буџет Град Скопје и Општина Чаир, од Зелен хуман град велат дека овој булевар не смее да биде уште една автоцентрична пустина.

„Веќе втора седница по ред се бара од советниците да изгласаат фантастични 140 милиони денари за изградба на улицата Цветан Димов во Општина Чаир за која нема јавно достапен проект, туку допрва треба да го прави Општина Чаир?! 140 милиони денари се 20% од буџетот на Град Скопје за улици и патишта за 2023 г.! Дополнително, ќе се трошат јавни пари за експропријација, а тоа во овој момент немаме информација колку ќе чини, реагирааат од независното движење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Иплатата на средства за скенирањето фискални сметки започна

Следна објава

Биометриската евиденција во Шенген одложена за септември: Првична придобивка за превозниците од состанокот на македонски министри и претставниците од ЕУ