Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски ги потпиша првите решенија за за исплата на надоместок во износ од 5.000 денари со што практично почна реализацијата на мерката за финансиска поддршка на новороденчиња.
Оваа мерка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година и има за цел да им обезбеди директна помош на младите семејства веднаш по раѓањето на дете, како дел од поширока стратегија за демографска и социјална поддршка.
Од општината нагласуваат дека ова е само еден сегмент од пошироките активности насочени кон подобрување на условите за живот на младите семејства во Бутел, при што се работи и на долгорочни инфраструктурни проекти, односно изградба на три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





