Милион и пол денари легнаа во здравствената каса откако директорите на болниците кои незаконски си ги зголемиле платите, а кои беа откриени со контролите на ФЗО ги вратија парите, информираше директорот Сашо Клековски.
Зборувајќи за состојбата во Фондот тој тврди дека дека нема категории на граѓани кои не се опфатени со здравствено осигурување и дека е обезбедено здравствено осигирување за лицата кои не остваруваат приходи, односно секој четврти осигуреник е без приходи.
Директорот на ФЗО нагласи дека меѓу осигурениците имало починати лица со активно здравствено осигурување и дека на нив се осигурени и други лица, а причината за тоа е неажурноста на Управата за водење матични книги која во доставувањето на податоците за починатите лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




