Темен режим Режим на светлина

Замина еден од значајните македонски книжевни автори – Тихомир Јанчовски

Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски. Роден е во 1967 година во Скопје, каде што го завршил и своето високо образование. Во 1991 година дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна се специјализирал на Катедрата за средновековни студии на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година.

Јанчовски беше автор со исклучително богато и разновидно творештво. Се занимаваше со поезија, превод и медиевистика, а зад себе остави повеќе од триесет книги – поетски збирки, романи, преводи и една книга од областа на историјата. Неговата поезија беше преведувана и објавувана во бројни литературни списанија, застапена во голем број антологии, а четири негови книги се целосно преведени на странски јазици.

По повод неговата смрт, семејството се прости со емотивна порака на социјалните мрежи, во која наведоа дека Тихомир тивко си заминал, оставајќи голема празнина кај сите кои го сакале и почитувале, најавувајќи дека дополнително ќе информираат за начинот на последното простување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЗНМ алармира: Казната за Лиридона Вејсели е удар врз слободата на говор

Следна објава
Негативен тренд во САД: Transparency International алармира за раст на корупцијата

Министерството за правда на САД со нова масовна објава документи за Епстајн