Темен режим Режим на светлина

Волво: Можен камбек на караван моделите во иднина

Волво: Можен камбек на караван моделите во иднина Волво: Можен камбек на караван моделите во иднина

Волво размислува повторно да ги врати караван моделите во својата понуда, во време кога SUV возилата веќе подолго време доминираат на глобалниот автомобилски пазар.

Извршниот директор на компанијата, Хокан Самуелсон, во интервју за Motor1 изјави дека постои можност пазарот да „отишол предалеку“ во насока на SUV модели, оставајќи простор за враќање на пониски и поаеродинамични автомобили.

Според него, караваните нудат речиси иста практичност како SUV возилата, но со подобри возни перформанси, помала потрошувачка на енергија и пониска цена.

Самуелсон посочи дека аеродинамиката ќе има сè поголемо значење, особено кај електричните возила, каде што отпорот на воздух директно влијае врз автономијата и ефикасноста.

Тој додаде дека и помладите генерации би можеле повторно да покажат интерес за караван модели, наспроти трендот на големи SUV возила што доминираше во претходните години.

„Мислам дека не откривам премногу ако кажам дека за пет години Волво нема да има само SUV модели“, изјави Самуелсон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Лишен од слобода бегалец од затворот во Струмица

Три лица приведени по сообраќајна контрола на патот Тетово - Гостивар

Следна објава
Вардар среде Битола го посрамоти Пелистер, титулата на пат кон Скопје

Митревски со 16 одбрани го предводеше Пелистер до важна победа над Охрид