Темен режим Режим на светлина

Митревски со 16 одбрани го предводеше Пелистер до важна победа над Охрид

Вардар среде Битола го посрамоти Пелистер, титулата на пат кон Скопје Вардар среде Битола го посрамоти Пелистер, титулата на пат кон Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа на гостувањето кај Охрид со 25:22 и на едно коло пред крајот на Суперлигата се вратија на втората позиција на табелата.

Битолчани имаа контрола над резултатот во поголемиот дел од натпреварот, а клучна улога во триумфот имаше голманот Никола Митревски, кој забележа 16 интервенции.

По овој резултат, Еурофарм Пелистер и Охрид имаат по 50 освоени бодови пред последното коло, но тимот од Битола е во подобра позиција и со победа над Алкалоид ќе го осигура второто место.

Шампионот Вардар веќе ја има обезбедено титулата и се очекува да добие право на настап во Лигата на шампионите, што значи дека второпласираниот тим ќе продолжи во групната фаза од Лигата на Европа.

Натпреварот во Охрид беше одигран порано од останатите мечеви од колото, поради обврските на македонските претставници во европските натпреварувања, каде што викендов ги очекува дуел против Татабања во Европскиот куп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Волво: Можен камбек на караван моделите во иднина

Волво: Можен камбек на караван моделите во иднина

Следна објава
Шкендија без трофеј: Силекс славеше во финалето на Купот

Шкендија без трофеј: Силекс славеше во финалето на Купот