Темен режим Режим на светлина

Македонец уапсен во Австрија поради смртоносен грабеж во Германија

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е уапсен во австрискиот град Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој животот го загубил 93-годишен маж.

Според информациите од австриската полиција, осомничениот бил баран со европска потерница, а бил приведен во населбата Елизабет-Форштат, во близина на железничката станица во Салцбург. По апсењето, тој бил пренесен во затворот во Пух-Урштајн.

Истражителите наведуваат дека постојат сериозни сомнежи дека лицето е поврзано со грабеж што се случил за време на првиот мајски викенд во германскиот град Келн.

Според досегашните информации, тогаш неколку лица провалиле во домот на 93-годишен маж, физички го нападнале и пребарале делови од куќата, по што избегале со пленот. Неколку дена подоцна, неговите деца го пронашле починат во домот.

Обдукцијата покажала дека смртта настапила како последица на тешките повреди здобиени при нападот.

Германските власти претходно привеле уште двајца осомничени, на возраст од 30 и 59 години, додека по третиот осомничен се трагало со меѓународна потерница.

По апсењето во Австрија, во тек е координација меѓу австриските и германските институции околу натамошната постапка и можната екстрадиција на осомничениот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Шкендија без трофеј: Силекс славеше во финалето на Купот

Шкендија без трофеј: Силекс славеше во финалето на Купот