Хрват, Албанец и Грк фатени со 324 килограми кокаин во Солун

Голем улов на наркотици во соседна Грција. Имено, грчката полиција запленила 324 килограми кокаин и уапсила три лица осомничени дека планирале да ja мешаат дрога со други супстанци и да ja продаваат.

Се проценува дека оваа количина на дрога на улиците би достигнала вредност од околу 100 милиони евра.

Хрватски државјанин (37), Албанец (36) и Грк (35) роден во Албанија биле уапсени во врска со случајот на плоштад во Солун. Комбето во кое се наоѓала дрогата било запленето, а претрес бил извршен и во стан изнајмен од Хрватот.

Како што се соопштува, осомничените утре требало да се појават пред истражен судија.

Претходна вестСедуммина починати и 325 новозаразени од вирусот
Следна вестДве лица се обиделе преку граница да прокриумчарат стадо