Темно Режим Светло Режим

Синдикатот на новинари со поддршка за протестот за минимална плата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најави дека ќе учествува на работничкиот протест што е закажан за утре, со јасно барање за итно зголемување на минималната плата и корекција на примањата во медиумскиот сектор.

Одлуката за приклучување кон протестот била донесена на седница на Извршниот одбор на ССНМ, при што синдикатот упатил повик до своето членство активно да ги поддржи иницијативите насочени кон подобрување на економската состојба на работниците. Протестот е организиран од Сојузот на синдикати и ќе се одржи во среда со почеток во 17 часот. Од ССНМ посочуваат дека станува збор за легитимен, мирен и достоинствен начин на изразување на работничкото незадоволство.

Синдикатот своите барања ги поткрепува со резултати од истражување спроведено во 2024 година во соработка со Институтот РЕСИС. Според тие податоци, повеќе од половина од вработените во медиумите примаат плата пониска од државниот просек, додека околу една третина од новинарите, камермани, монтажери, дизајнери и други медиумски професионалци работат за минимална плата.

Advertisement

Ваквите бројки, оценуваат од ССНМ, укажуваат на сериозен и долготраен структурен проблем во медиумската индустрија, кој директно влијае врз достоинството на трудот и квалитетот на медиумската работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Владата најавува посилна заштита на слободата на изразување

Следниот Пост

Граѓани револтирани од решенијата на УЈП: Не сме даночни резиденти