Жена била тешко повредена по судир на автомобил и трактор на патот Неготино-Кавадарци, кај село Марена. Полицијата извршила увид.
27.06.2023 во 05.30 часот било пријавено дека на патот Неготино-Кавадарци, кај с.Марена, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од В.С.(28) од Неготино и трактор „ИМТ 533“, управувано од М.Т.(61) од с.Тимјаник, неготинско, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата, сопатничка која се превезувала на тракторот, Н.Т.(64) од с.Тимјаник, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: