Темен режим Режим на светлина

Протести и блокади поради строги казни за сообраќајни прекршоци

Граѓани, главно од ромската заедница, денеска излегоа на протести во Битола, Штип и Кочани поради одземањето на нивните возила за возење без положен возачки испит, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Во Битола беше блокиран магистралниот пат кон Ресен кај населбата Баир, по што протестот продолжи и низ градските улици. Во Кочани, демонстрантите се собраа во населбата Трајаново Трло, на улицата „Цветан Димов“, додека протест имаше и во Штип.

Заедничкиот мотив на сите протести е незадоволството од одземените возила, кои, како што велат демонстрантите, им биле основно средство за работа и извор на егзистенција за нивните семејства. На одредени локации беа палени гуми и расфрлано ѓубре со цел да се попречи сообраќајот.

Дел од учесниците на протестот во Битола побараа да им се овозможи добивање возачки дозволи без полагање испит, со образложение дека знаат да управуваат возило, но немаат финансиски средства за часови со инструктор и за трошоците поврзани со полагањето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Смртта на Гадафи јуниорот: Од дипломатски преговори до брутална репресија

Следна објава

Дали Хидроцентралата „Чебрен“ треба да се даде на странци или Македонија сама да ја изгради