Времето денес ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови од земјата. На повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне околу 10 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а утре повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.