Темен режим Режим на светлина

Брисел со позитивна оценка, Македонија добива 65,7 милиони евра

Брисел со позитивна оценка, Македонија добива 65,7 милиони евра Брисел со позитивна оценка, Македонија добива 65,7 милиони евра

Европската комисија одобри нова финансиска поддршка од 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оценка за спроведените реформи во образованието и дигитализацијата до крајот на 2025 година.

Од вкупната сума, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет како поддршка за реформите во основното и средното образование, како и за развој на дигиталната инфраструктура во училиштата.

Останатите средства ќе се реализираат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и ќе бидат насочени кон проекти за чиста енергија, одржлив транспорт и развој на човечки капитал.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оцени дека оваа одлука претставува значаен сигнал за доверба и признание за реформската агенда што ја спроведува државата.

Со оваа трета исплата, вкупната поддршка што Македонија досега ја добила преку овој инструмент достигна 142,1 милион евра.

Инструментот за реформи и раст е дел од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра, чија цел е постепено интегрирање на регионот во Единствениот европски пазар уште пред официјалното членство во Унијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

ЕВН најави прекини на струја во две скопски општини

Следна објава
Мерц: Повлекувањето на американските војници од Германија не е поврзано со нашиот конфликт околу војната во Иран

Германија со нов предлог за Украина и Европската Унија