По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата каде што се изведуваат работи за изградба на гасовод.
Интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип. При извршениот теренски увид, безбедно беа отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри.
Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт.
Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните и
работниците ангажирани на терен.