Белгиското обвинителство истражува можна вмешаност на белгиски државјани во таканареченото „човечко сафари“ за време на опсадата на Сараево во 90-тите години кога наводно богати странци плаќале за да пукаат со снајпери врз цивили во градот.
Австриските власти пак спроведуваат истрага против еден австриски и еден германски државјанин, во врска со случајот кој со нови сознанија го отворија италијански новинари кои го истражуваат учеството на италијански богаташи во „ловот на цивили“ во Сараево, а притоа се осомничени и државјани од Белгија, Франција, Германија и други земји.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: