Иранската дипломатија во среда вечерта потврди дека го примила и го „разгледува“ најновиот американски предлог за завршување на војната, преку Пакистан, чија влада, заедно со другите, презеде посредничка улога.
Од друга страна Доналд Трамп предупреди дека ситуацијата е „на работ“ – помеѓу склучување договор или продолжување на вооружениот конфликт.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран ги повтори барањата на Исламската Република, особено „ослободување на замрзнатите ирански средства“ во странство и прекин на американската блокада на иранските пристаништа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: