Темно Режим Светло Режим

Почна светкиот економски форум во Давос, ќе се обрати Трамп, а Данска и Иран нема да присуствуваат

Официјалната програма на Светскиот економски форум започна денеска во Давос. Годишниот состанок е во сенка на кризата околу Гренланд, поради што Данска нема да присуствува. Исто така и Иран нема да испрати своја делегација.

За утре се очекува да пристигне американскиот претседател Трамп со својата делегација. Предвидено e да одржи и говор.

Околу 3.000 учесници се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот, со цел да разговараат за глобалната економија, трговијата и вештачката интелигенција под мотото „Дух на дијалог” до четврток.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Соопштение од ТИТАН Усје: Работиме согласно законот, неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија

Следниот Пост

Делови од Киев се без струја како последица од силни експлозии