Првите трилатерални мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ. Средбата следи по разговорите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Давос и средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва.
Касно синоќа на состанок што траел околу 4 часа Путин се сретна со мировните претставници на Трамп, а разговорите Кремљ ги опиша како „исклучително суштински, конструктивни и исклучително искрени и доверливи”.
Русија истакна дека нема можност за долгорочно решение ако не се решат територијалните прашањa и дека ќе продолжи со воените дејствија сè додека не се постигне дипломатско решение.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: