Темно Режим Светло Режим

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денеска најави две катни гаражи во Клинички

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс.

На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг” и Град Скопје, беше утврдена динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување- истакна градскиот татко.

Advertisement

Овој важен инфраструктурен зафат е во координација со Премиерот Христијан Мицкоски и за кој имаме поддршка, претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните.
Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Потона траект со 350 патници на Филипини, 15 загинати, триесетина исчезнати

Следниот Пост

Општина Кисела Вода и „Паркови и зеленило“ стартуваат со голема еко-акција