На 26 јануари 2026 година во СВР Скопје, 36 годишник од селото Сарај пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.
Според пријавата, инцидентот се случил во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од 48-годишниот наставник.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: