Темно Режим Светло Режим

Макрон на гренландски јазик: Само жителите ќе одлучуваат за иднината на островот

Францускиот претседател Емануел Макрон од Париз порача дека Гренланд не е на продажба и дека единствено неговите жители имаат право да одлучуваат за иднината на островот, испраќајќи силна политичка порака во услови на зголемени геополитички тензии околу Арктикот.

Макрон денеска во Париз одржа средба со данската премиерка Мете Фредериксен, а по тој повод се обрати и до јавноста, при што дел од говорот го одржа и на гренландски јазик.

Обраќајќи се директно до жителите на островот, францускиот претседател истакна дека Гренланд има целосно право сам да ја определува својата судбина.

Advertisement

„Гренланд не е на продажба, ниту може да се земе. Жителите на Гренланд ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон.

Во продолжение на обраќањето, тој говореше и на дански јазик, нагласувајќи ја јасната и недвосмислена поддршка на Франција за Данска.

„Франција ќе остане обединета со Кралството Данска“, порача Макрон.

Во Париз престојуваа и гренландскиот лидер Јенс-Фредерик Нилсен и данската премиерка Мете Фредериксен, со цел разговори со Макрон за зајакнување на меѓународната поддршка, по претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој јавно изрази интерес за преземање на овој стратешки важен арктички остров, што со векови е дел од данската територија.

Макрон нагласи дека Франција го дели ставот оти безбедноста и одбраната на Арктикот мора дополнително да се зајакнат, имајќи предвид дека регионот станува сè позначаен поради климатските промени и засилените глобални геополитички ривалства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Ракометна Европа без актуелниот шампион: Познати сите полуфиналисти

Следниот Пост

Ќе биде ли новиот изборен закон шминка во корист на поголемите или пак во корист на македонската демократија?