Темен режим Режим на светлина

Ќе биде ли новиот изборен закон шминка во корист на поголемите или пак во корист на македонската демократија?

Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија

Конечно нешто се случува на темата Нов изборен закон. Во петокот Собранието до Министерството за правда испратило допис со номинирани претставници од парламентарните партии, кои ќе учествуваат во работната група за подготовка на новиот закон, по што се очекува деновиве и да биде одржана конститутивната седница на комисијата.

Е сега останува на партиите да одлучат дали само ќе направат козметички измени колку да замачкаат очи дека нешто сработиле и новите изборни правила повторно ќе бидат во корист на големите политички играчи или ќе направат закон во корист на демократијата во Македонија.

Граѓаните одамна бараат конкретни измени: една изборна единица, намалување на бројот на пратениците, јасни правила за државното субвенционирање на изборната кампања и слично.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Макрон на гренландски јазик: Само жителите ќе одлучуваат за иднината на островот

Следна објава

Го чуваме ли доволно бисерот на Македонија: Во Охрид низ вековите умни луѓе изградиле прекрасни градби, но сега приучени му земаат урбанистичка мерка