Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска преку прес-конференција истакна дека Брисел не бара празна реторика, туку конкретни резултати.
„Филипче прво да ја стави СДСM на нозе, да престане да му слугува на Заев и да лаже, ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку е против лоши договори и неефикасни политики кои се слика и симбол на СДСM“, порача Петрушевски.
Тој додаде дека лидерот на СДС треба да се фокусира на сопствениот двор пред да се грижи за државата, обвинувајќи го дека продолжува со „старите политики на Заев“.
Во однос на евроинтеграцискиот пат, Петрушевски подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ суштински е посветена на членството во Унијата, но преку достоинствено преговарање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



