Темен режим Режим на светлина

Јавноста мора да дознае кои болници и лекари правеле операции без потреба

Што се случува со скандалот со непотребните операции во приватните клиники, ќе дознаеме ли некогаш кој оперирал заради профит? Што се случува со скандалот со непотребните операции во приватните клиники, ќе дознаеме ли некогаш кој оперирал заради профит?

Јавноста чека дали денеска ќе има средба на познатиот кардиолог Сашко Кедев и министерот за здравство Азир Алиу околу оставката на кардиологот од Здравствениот совет.

Оставката на Кедев, кој прв сигнализираше за можни злоупотреби со непотребни хируршки интервенции во приватните болници, од Комисијата за испитување на овие сомнежи ја отвори дилемата: дали процесот навистина оди кон целосно расчистување на случајот или, пак, се одвива селективно и под притисок.

Опозициската СДСМ тврди дека станува збор за обид да се заташка случајот и да се одвлече вниманието од евентуалните злоупотреби во здравствениот систем.

Од Министерството за здравство, пак уверуваат дека истрагата продолжува и дека јавноста ќе биде информирана за сите наоди. Инаку, првата фаза од работата на комисијата покажа дека од 25 доставени

случаи за проверка, десет биле без потребата за операција, но од Министерството не ги објавија јавно кои болници оперирале без потреба.

Случајот со непотребните интервенции во приватните болници е важно да се расчисти до крај и измамниците да се објават со име и презиме, без мешање на политиката, бидејќи станува збор за здравјето и животот на пациентите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Владата го усвои годишниот план за енергетски објекти за 2026 година

Следна објава
Десет милиони денари разлика во угостителските услуги на СОЗР

Се водат над 50 предмети за висока корупција кои претходно биле затскривани