Темен режим Режим на светлина

Синдикатот побара повисоки плати, газдите велат дека немаат пари за повеќе, Владата ги остава да се договорат, но во протестот гледа и политика

Минималната плата мора да се покачи. Со овој повик Синдикатот и работници синоќа тргнаа во протест барајќи минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 100 евра.
Според Синдикатот, сегашната минимална плата не ги следи реалните трошоци за живот и не обезбедува достоинствена егзистенција за работниците и нивните семејства. Тие предупредуваат дека ако се игнорира нивното бараење можен е и генерален штрајк, а ќе продолжи и иселувањето и недостигот од работници.

Работодавачите, пак, со поинаков став. Според нив, такво зголемување на минималната плата е тешко одржливо за голем дел од компаниите, особено за малите и средни претпријатија.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова треба да се реши преку социјален дијалог меѓу синдикатите и работодавачите и додаде дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците

Минималната плата навистина е ниска, но дали улицата е местото каде што таа треба да се утврдува треба да подразмислат сите страни инволвирани во проблемот. Потребни се итни разговори меѓу работниците и работодавачите и наоѓање решение според реалните можности на економијата во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Го чуваме ли доволно бисерот на Македонија: Во Охрид низ вековите умни луѓе изградиле прекрасни градби, но сега приучени му земаат урбанистичка мерка

Следна објава
Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед