Полицијата уапсила возач на автобус кој вршел превоз на патници без да има возачка дозвола. Според информациите од МВР, објавени на социјалните мрежи, вчера на улица „Панајот Гиновски“ во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници, контролиран е автобус марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници, а шоферот не поседувал важечка возачка дозвола.
Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидената санкција.
МВР соопшти дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.


