Утрово е регистрирана намалена видливост до седумдесет метри поради магла на патниот правец Тетово – Гостивар, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
На регионалниот пат Р илјада триста и два, на делницата Берово – Струмица, кај селото Ратево, сообраќајот се одвива по привремено изработена девијација во должина од педесет метри, поради поголем одрон на патот.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена опасност од одрони. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.