Темен режим Режим на светлина

Уште два дена за вежбање прописно возење, кој нема да научи од недела „Сејф сити“ ќе го натера да се фати за паричникот

Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи

Од недела, 1 февруари системот „Сејф Сити” ќе почне да дели казни. Возачите имаат уште два дена да повежбаат посмирено, попитомо возење и почитување на знаците и семафорите. Кој нема да успее во тоа ќе мора да се фаќа за паричникот.

Казните не се симболични, напротив ќе болат и ќе доаѓаат автоматски кога ќе се направи прекршок. Ќе се санкционира секое пречекорување на пропишаната брзина, поминување на црвено, непрописно паркирање и возење на нерегистрирано возило. Под лупа на камерите ќе бидат многу сообраќајници.

Целта на активирање на овој систем е да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намалат високите бројки на загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи.

Од МВР апелираат на внимателно возење, а и ги потсетува граѓаните дека можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Две нови имиња во Работнички за продолжението на сезоната

Следна објава

Садула Изаири чекор поблиску до членство во Судскиот совет