Темно Режим Светло Режим

Арсовска: Ќе почекаме на целосна анализа иако мостот „Беласица“ сега може да биде пуштен по една коловозна лента

Првичните резултати од стручната анализа, покажуваат дека мостот „Беласица“ е безбеден за сообраќај, но засега по една коловозна лента, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска, Таа додаде дека граѓаните мораат уште малку да бидат трпеливи за да се направи целосната анализа на стабилноста на мостот.

– Првичните испитувања на експертите покажале дека мостот можат да го користат пешаци и велосипедисти, а и да се отвори по една коловозна лента. Експертите за 20 дена ќе достават целосен извештај со презицни и точни информации, па ако иститот гарантира безбедност, во најбрз можен рок мостот ќе почне повторно да се користи. Верувам дека сите граѓани знаат дека нивната безбедност и сигурност е нешто што е на прво место и тоа значи, до оној момент, додека не сме убедени дека нивната безбедност и сигурност ќе бидат заштитени со пуштањето на сообраќајот ние нема да преземеме ништо посериозно со што би ги довеле овие безбедност и сигурност во прашање, рече Арсовска.

На прашањето дали станува збор за саботажа на мостот, Арсовска посочи дека првичните информации кои ги добила од истражните органи укажувале дека пожарот е подметнат. Очекува ургентност од надлежните институции што побргу да го разрешат случајот, а сторителите да се изнесат пред лицето на правдата, бидејќи ја загрозуваат јавната безбедност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Младо момче пронајдено починато во струмичко

Следниот Пост

Њујорк личи на Марс, преголема загаденост на воздухот