Најмалку 38 лица починале од хипотермија во Полска оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година, објави заменик министерот за внатрешни работи, Веслав Шчепањски.
Се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од смрзнување би можел да се искачи на 40. Тој исто така истакна дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид.
Ширум земјата се поставени специјални шатори со греење кои ќе работат 24 часа дневно за да им пружат засолниште на бездомниците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: