Темно Режим Светло Режим

До каде е најавената темелна стратегија за развој на ЈСП, автобуси се запалуваат чекајки ја?

Градскиот превоз во Скопје одамна плаче за реорганизација. Многу проблеми и недоречености има и во ЈСП. На тоа не потсетуваат разните аномалии кои скопјани мора да ги издржат. Еве, најново потсетување е запалениот мотор од автобус на ЈСП што се случи синоќа во скопската населба Влае.
Добро е што возачот забележал чад па запрел и се обидел да го изгаси пожарот. Но, не е добро што лошата состојба во ЈСП се решава многу споро и без крупни системски промени.
Застарен возен парк, повремен недостаток на гориво, загуби во претпријатието, доцнења и променливи возни редови, и многу слични проблеми предолго траат, а скопјани ги трпат.
Кога конечно ќе се нормализира работењето во оваа скопско јавно претпријатие? До каде е најавената темелна и долгорочна стратегија за развој на јавните претпријатија во главниот град, меѓу кои е и ЈСП?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Муцунски од Истанбул: Потврдено силното македонско-турско сојузништво во НАТО и борбата за стабилен Балкан

Следниот Пост

Тинејџер нападнат во училишен двор во Влае по расправија на социјална мрежа