Темен режим Режим на светлина

Тинејџер нападнат во училишен двор во Влае по расправија на социјална мрежа

По претходно недоразбирање на социјална мрежа, 14-годишно момче било физички нападнато од друг малолетник во дворот на основно училиште во скопската населба Влае.

Инцидентот се случил на 21 јануари, околу 12 часот, а нападот го пријавил таткото на оштетениот, Ш.Ч. (39) од Скопје, еден ден подоцна во Полициската станица Карпош.

Според пријавата, неговиот син се здобил со повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со неколку клика до билет, нова дигитална услуга на ЈСП

До каде е најавената темелна стратегија за развој на ЈСП, автобуси се запалуваат чекајки ја?

Следна објава

Нема укинување на мерката - Кривичниот суд го задржа куќниот притвор за Ристов