Темно Режим Светло Режим

Добро е што се поправаат спортските терени, но се е џабе ако здивените скопјани пак на нив вежбаат уништување

Секогаш недостасува урбана опрема низ Скопје. Но, загрижува и фактот дека онаа поставената дел од скопјаните ја уништуваат или крадат, пренесува Прва Скопска ТВ.

За да се надмине тоа, пред некој ден, скопскиот градоначалник заедно со министерот за спорт извршија обиколка на кејот на реката Вардар, каде што започнува реконструкцијата на спортските терени. А има бајаги потреба од реконструкција. Многу од спортските терени и фитнес зони се буквално силувани од неразбрани граѓани.

Тоа може да се види и во Карпош и во Центар особено кај Маџир маало и во Аеродром. Новопоставени игралишта и справи за вежбање не издржуваат ниту една година, а веќе се за реконструкција. Здивени скопјани кои инаку глумат дека се велеграѓани ги вежбаат мускули на справите на погрешен начин со кршење.

Advertisement

Да не го споменуваме последниот пример од пред два дена кога во Илинден беа украдени цели летниковци кои биле поставени на трим патеката.

До кога поради здивените скопјани, питомите ќе немаат каде да се рекреираат? Прашањето е и за градските инспекции и за МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Поради излевање на река, воведена забрана за сообраќај на патот Удово - Валандово

Следниот Пост

Лесно можам да ги решам финансиските проблеми на Обединетите нации, кажа Трамп