Гази Баба се поблиску до Аеродром кој е на врвот по бројот на случаи на корона вирус

 Скопската општина Гази Баба се повеќе се доближува до Аеродром во однос на бројот на активните случаи на корона вирусот. По вчерашните нови 378 случаи на подрачјето на Скопје, во Гази Баба сега има 1.196 инфицирани лица додека во Аеродром 1.287. Зад нив се општините Кaрпош со 1.102, Центар со 1.069 и Кисела Вода со 1.047 инфицирани лица. На скопското подрачје, инаку, има 8.506 активни случаеви.

Во останати скопски опптини состојбата е следна: Ѓорче Петров – 702. Чаир 510, Бутел – 447Шуто Оризари – 147 и Сарај – 111.

Во Студеничани има 42 активни случаи, Арачиново -26, Илинден – 206, Сопиште – 63, Чучер Сандево – 91, Петровец –89, Зелениково -55, Странец – 149 и Нераспределен- 167.

Претходна вестАлармантно: Секој четврти ученик во Македонија се обложува, секој десети пробал дрога
Следна вестМАНУ прозборе: Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот идентитет