Темно Режим Светло Режим

Градежен кран во Tајланд падна врз воз во движење, усмртени најмалку 22 лица, повредени 79

Масивен градежен кран се урнал врз воз во движење во тајландската провинција Након Рачасима. Засега официјално е потврдено дека најмалку 22 лица загинале, додека 79 се повредени, од кои осуммина со тешки повреди.

Спасувачките екипи се распоредени на терен за да ги ослободат патниците кои останале заробени во вагоните.

Кранот бил користен за изградбата на брза железничка пруга што ги поврзува границата со Лаос и главниот град на Тајланд.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вучиќ одбива средба со делегација од европскиот парламент оти никој не ја поканил во Србија

Следниот Пост

Русија испрати порака до САД дека нема намера да се откаже од венецуелската нафта